СДСМ: Причините за поразот ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги бараат кај нив

По третиот последователен пораз на избори,  ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да си ги бараат причините кај нив, наместо да бараат алиби, велат преку соопштение од СДСМ.
 
Од партијата велат дека на изборите на 15 јули во фер, слободна, демократска и безбедна атмосфера граѓаните масовно го поддржаа концептот на СДСМ и коалицијата „Можеме“.
 
„Победи концептот за напредок, концепт што носи кон ЕУ и НАТО, концептот кој враќа назад е поразен, поразени сите се анти НАТО и анти ЕУ политики на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. 
 
Оливер Деркоски, претседателот на ДИК од редовите на ВМРО-ДПМНЕ должи одговори пред јавноста за случувањата на денот на изборите и објавувањето на резултатите. 
 
Бадијала ВМРО-ДПМНЕ бараат изговори за поразот што им се случи, граѓаните кажаа што мислат за нивната понуда и повторно ги казнија нивните неодговорни, незрели и опасни политики. 
 
Иднината е обезбедена, државата продолжува на вистинскиот пат, уште подобро и уште повеќе“ велат од СДСМ.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.07.2020 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега