СДСМ: Со мерките за училиштата обезбедивме непречен образовен процес во зима
„Владата предводена од СДСМ, во пресрет на најтешката зима по Втората светска војна обезбеди непречено одвивање на наставниот процес во основните и средните училишта во државата. Со последните одлуки и мерки за стабилно и сигурно снабдување со струја и енергенси, сите основни и средни училишта се вклучено во регулираниот пазар на електрична енергија.Со ова се обезбедува непречен наставно-образовен процес со физичко присуство за целата зима, иако тоа беше обврска на општините“, велат од владејачката партија.
Од СДСМ порачаа дека со мерките на Владата училиштата ќе имаат помали сметки за струја.
„На регулираниот пазар, покрај училиштата се вклучуват и здравствените институции, заедно со сите домаќинства и над 70.000 компании мали потрошувачи. Владата продолжува со субвенционирање на 80% од електричната енергија за домаќинствата. СДСМ со ефикасни, навремени мерки им помага на граѓаните, компаниите, училиштата, болниците за надминување на последиците од глобалната енергетска криза“, велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа