СДСМ: Успешниот попис е основа за креирање ефикасни економски политики за развој

После цели 20 години имаме успешен попис по сите највисоки стандарди на ЕВРОСТАТ, признаен од сите меѓународни и домашни релевантни фактори.

Успешниот и кредибилен попис е основа на квалитетни економски политики кои одговараат на вистинските потреби на граѓаните.

Резулатите од пописот на Владата предводена од СДСМ и овозможуваат да носи програми со кои ќе се обезбеди ефективно и ефикасно користење на човечкиот потенцијал.

Владата, институциите добиваат јасна слика за планирање и реализација на сите економски стратегии кои ќе резултираат со рамномерен регонален развој.

Истовремено, со оваа успешно спроведена статистичка операција домашните и странските инвеститори конечно ќе добијат одговор на прашањата што го интересираат секој инвеститор кога одлучува каде ќе инвестира.  

Сега точно се знае дали и каде има квалификувана работна сила по специфични профили; која е старосната структура и потенцијалот на одредени градови и региони и кој човечки потенцијал може да биде ангажиран во одредено време.

Со добиените резултати, Владата предводена од СДСМ ќе креира и реализира мерки и политики во интерес на граѓаните кои ќе донесат развој на државата.

 

Центар за комуникации со јавноста-СДСМ

31.03.2022 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега