СДСМ: Вашиот глас за најдобрите градоначалници и советници е глас за соработка и развој, а не за блокади

-СДСМ пред вас ја претставува најдобрата кадровска и програмска понуда која гарантирано обезбедува напредок, развој, подобар живот на општините и на земјата и за која е потребна  вашата поддршка. СДСМ подготви проекти и кандидати кои со своето посветено и домаќинско работење ќе сработат за развој, за соработка, за подобар живот во секоја наша општина. Напредокот и развојот на општините е можен само преку соработка. Затоа, соработката меѓу градоначалникот, членовите на локалниот совет и централната власт е нужна за да продолжи развојот на општините кои одлучиле да одат напред, се вели во соопштението на партијата на СДСМ утринава.
 
Во неа додааваат: - Развојот и напредокот на општините зависи и од локалните совети, бидејќи гласот за најдобриот градоначалник оди заедно со гласот за најдобрата советничка листа.
 
Нема подобро решение од тоа да гласаме за соработката меѓу најдобриот кандидат за градоначалник и најдобрите кандидати за советници кога од спротива се закануваат блокади.
 
Затоа, ве повикуваме, во недела, да гласаме за кандидати за градоначалници кои соработуваат и ќе реализираат проекти, а не за оние кои блокираат и опструи.
14.10.2021 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега