СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не го партизира штрајкот на СОНК

ВМРО-ДПМНЕ да не го партизира и политизира штрајкот на СОНК, велат од владејачката СДСМ утрово во соопштение испратено до медиумите.
 
„Тоа е истата партија, која во време на режимот парите на граѓаните ги трошеше на споменичко лудило, работниците за Белата палата беа само евтина работа сила, а наставниците понижени, уценувани и под постојан притисок.
За разлика од нив, СДСМ покажува вистинска грижа за работниците и успеа значително да ги покачи платите“, се наведува во соопштението на СДСМ.
 
Меѓу другото, од СДСМ велат дека во образованието во три наврати платите се покачиле за вкупно 21 отсто. 
„Просечната плата достигна речиси 30.000 денари, а минималната е двојно зголемена на 18.000 денари“, дополнуваат од партијата.
11.04.2022 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега