СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да прекине да го валка делото на великанот Делчев

Игрите и подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на ликот и делото на великанот Делчев, соопштија д СДСМ.

„ Македонскиот национален херој Гоце Делчев не заслужил да го сведеме на политичка декларација! Подметнувањата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно имаат цели да отворат поделби меѓу македонскиот народ.

Нема да дозволиме да се понижува делото на великанот Делчев, ниту да држат лекции оние кои со бројни потези го срамат неговиот лик, кои го слават и величат Ќосето, Михајлов, Александров“ се вели во партиското соопштение.

Од СДСМ и коалицијата додаваат дека нема да учествуваат во дневнополитичкиот театар на ВМРО-ДПМНЕ, на кој, како што велат, единствена цел е да им помогне на оние центри кои не сакаат Македонија да ги почне преговорите со ЕУ.

09.02.2022 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега