СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги лаже земјоделците, нема никакво кратење на субвенциите

„По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ и Цветан Трипуновски ги лажат и манипулираат земјоделците.

Нема никакво кратење на субвенциите со новиот модел на субвенционирање, туку напротив дел од субвенциите за прв пат ќе се исплаќаат авансно.

Новиот модел го поттикнува договорното производство, мотивира и помага при создавање на краен финален производ, а со тоа поголемо домашно производство на храна која ќе биде искористена од домашните преработувачки капацитети. Новиот модел е побрз и поефикасен кој гарантира редовна и навремена исплата на субвенциите, наместо долгови.

Со новиот модел се воведува и поголема контрола врз сивата економија, но и се превенира исплата на субвенции на лажни земјоделци, нешто што беше одлика во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Владата предводена од СДСМ како ниту една друга влада досега покажува вистинска грижа за земјоделците, мерките и политиките се носат преку комуникација и директна соработка со производителите.

ВМРО-ДПМНЕ како власт ги угнетуваше и потценуваше земјоделците, а како опозиција преку лажни вести ги лаже и манипулира."- стои во соопштението на СДСМ.

15.02.2023 - 15:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега