СДСМ:Неодговорното ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира се што е во интерес на граѓаните и на државата

Од СДСМ денеска обвинуваат дека од ВМРО-ДПМНЕ се посветени само на блокади, деструкции и партиски интереси. 

Во реакцијата до медиумите истакнаа дека во Комисијата за финансирање и буџет, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочеле законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидувал отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.

„ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на ковид-19. Со овие законски измени на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.
 
 Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивното ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.
 
 ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование и наука ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници.  Со овој Закон се предвидува и зголемување на платите, како и исплата на додатоци.
 
 ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање“-додаваат од владејачката партија.
 
 
 Во рекацијата се вели и дека ВМРО-ДПМНЕ била насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот.
 

 

 
24.09.2021 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега