Се огласија Сузана Турунџиева и Атиџе: Телефонот ми ѕвонеше на секој 2,3 секунди бидејќи сите знаат дека сме во Истанбул (ФОТО)

Taжно, многу тажно утро за Македонија.

Најмалку 45 лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа во која се запали македонски автобус на автопатот „Струма“ кога се враќале од Турција.

Автобусот сношти нешто по 21 часот влегол преку граничниот премин Капитан Андреево. Околу 3.00 часот се случила сообраќајна незгода на автопатот во правец Софија – Благоевград.

Во автобусот патувале 52 лица. Меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и двајца близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Преживеале шест лица кои се сместени во болницата „Пирогов“ во Софија.

Македонската пејачка, ТВ водителка, писателка, Сузана Турунџиева и хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова изминатите денови беа во Турција и често објавуваа фотографии од Истанбул како си поминуваат во градот на Босфорот.

По веста за кобната несреќа на македонскиот автобусот во Бугарија кој се враќал од Истанбул, најблиските и јавноста беа загрижени за нив. Нашата редакција ја контактираше Сузана, која во порака за Вистина.ком.мк откри дека таа и Атиџе се добро.

„Добро сме фала Богу. Благодарам за грижата“, ни одговори Турунџиева.

Сузана ни изјави дека не била во автобусот и дека поради пандемијата со коронавирусот ги преземале сите мерки за заштита од Ковид 19.

Инаку, Сузана се огласи и на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека цело утро добивала пораки и повици, но дека и таа и Ариџе се безбедни.

Тажно, многу тажно утро

Утрово како никогаш до сега телефонот ѕвонеше и нотификации стигаа на секои 2,3 секунди. Атиџе и јас сме добри и безбедни. Ви благодариме за грижата

 

Многу не потресе веста за големата трагедија во која настрадаа наши и странски државјани и искрено сочувствуваме со семејствата на настраданите. Бог да им дава сила да ги издржат овие тешки денови.

23.11.2021 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега