Се погледнаа очи во очи Алек Болдвин и сопругот на трагично убиената колешка – целиот свет зборува за овие две фотографии

Веста дека актерот Алек Болдвин ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс и го ранил режисерот ја шокираше светската јавност.

Од ден на ден се појавуваат нови информации за случајот на смртта на директорката на фотографија.

Пиштолот на Болдвин му го дал помошникот режисер Дејв Халс. Во медиумите беше објавено дека, според внесеното во судската евиденција, тој не знаел дека во пиштолот има вистинска муниција. Пиштолот наводно му бил предаден на Болдвин со зборовите дека „оружјето е ладно“, што во филмскиот жаргон значи дека во него нема муниција.

По оваа вест, денеска светските медиуми го уловија Алек Болдвин со сопругот на колешката Халина Хачинс која случајно ја застрела и уби во текот на снимањето на филмот Рѓа .

 

Foto: Dsanchez / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Актерот и сопругот Мет се прегрнаа откако заедно го напуштија хотелот во Њу Мексико каде што наводно престојувале овие денови.

Foto: Dsanchez / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

25.10.2021 - 18:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега