Северина на суд, против пејачката поднесна тужба за клевета


Славната пејачка Северина Вучковиќ денеска беше во Општинскиот граѓански суд во Загреб, на последното рочиште за случајот по тужбата што против неа ја поднесе судијката Луција Ласиќ.

Според хрватските медиуми, судењето е завршено, а судијата ќе ја соопшти пресудата за еден месец. Целата постапка беше затворена за јавноста, а судијката Ласиќ, кој ја тужеше пејачката за клевета, не сакаше да го коментира минатото рочиште.

Северина беше тужена од судијката Луција Ласиќ за нарушување на угледот, а од пејачката бара отштета од нешто помалку од 3.000 евра. Имено, во октомври 2019 година, на прес-конференцијата по повод почетокот на регионалната турнеја Magic Tour, пејачката рече: „Не знам зошто сум изненадена што се случува ова и целото систематско психичко силување од страна на таткото и институциите кога во оваа земја ниту жените, ниту девојчињата немаат судска заштита и поддршка за физичко силување, јас самата поминав низ слично силување во Жупанискиот суд во Сплит, во судската постапка за обидот за киднапирање на дете пред судијката Луција Ласиќ.“

Да потсетиме, Ласиќ беше во судскиот совет во Жупанискиот суд во Сплит, кој потоа одлучуваше по жалбата на Северина против пресудата со која беше одлучено момчето да живее со својот татко Милан Поповиќ (57), додека мајка му да го гледа, а на Северина ѝ е одземено правото да одлучува за здравствена заштита и образование на момчето.

21.05.2024 - 15:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега