Шкријељ: Постигната е согласност за зголемување на платите во образованието, најважно е наставата да продолжи

Се потврди она што го говоревме, социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до прифатливи решенија.
 
Постигната е согласност помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во детските градинки, основните и средните училишта за 12 проценти, со ребалнасот на буџетот.
 
Сега најважно е да продолжи наставата што поскоро, да се надополни загубеното и да се работи на трансформација во образованието.
 
Најраното можно враќање на учениците е утре, среда, што значи 10 загубени денови од училишната година кои треба соодветно да се надоместат.
 
Платите во образованието и детската заштита ќе се зголемат, СДСМ продолжува со политиките за покачување на платите на работниците!
 
Се надеваме дека сите, со истиот жар, ќе продолжиме да се залагаме за нови наставни програми, за спроведување на реформата во основното образование, на средното образование, трансформација на педагошките факултети кои продуцираат наставен кадар.
 
За образование кое се заснова на инклузивност, мултикултурализам и еднаквост за секое дете, без разлика каде живее.
 
Како одговорна партија СДСМ продолжува да инвестира во образованието и детската заштита.
 

 

СДСМ секогаш била и ќе биде на страната на работниците, на учениците, работејќи посветено на реформи и подобрување на животниот стандард дури и во услови на најголема економска криза.
26.04.2022 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега