Сите работници се на терен: Ќе се чисти Кисела Вода (ФОТО)

Голема акција за чистење се спроведува денес во општина Кисела Вода. На терен се сезонските работници од Општината заедно со службите на ЈП “Комунална Хигиена”. Долж булеварот “Борис Трајковски”, од крстосницата со улицата “Народни Херои” до Пинтија, се чисти со механизација и рачно. Со две цистерни, три камиони, машини за метење, се собира сметот, се собираат паднатите лисја, се кастрат сувите надвиснати гранки, се мијат улиците, се расчистуваат автобуските постојки.

-Продолжуваме со големата акција за чистење и расчистување на општина Кисела Вода. Денес се работи заедно со јавното претпријатие кое е под надлежност на Градот Скопје, Комунална Хигиена, и кое има ингеренции над главните сообраќајници. Како што најавив, ги вклучивме сите ресурси, сите капцитети во насока на подигнување на хигиената и комплетно менување на ликот и имиџот на општина Кисела Вода. Ваквите акции ќе бидат редовни.-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Чистењето долж булеварот “Борис Трајковски” ќе продолжи и утре. Ќе се чисти на потегот од Пинтија до Драчево.

02.12.2021 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега