Скопјанец си ја убил невенчаната сопруга- телото на починатата било пронајдено во Горно Оризари, полицијата поведе истрага

Телото на починатата беше пронајдено од минувачи на 5 август 2019 година, во атар на селото Горно Оризари, во близина на локалниот пат кој води од Шуто Оризари. Телото било таму оставено, откако осомниченот на 3 август околу 15:30 часот го извршил кривичното дело при вршење семејно насилство кон жртвата со која живеел во вонбрачна заедница. По настаната вербална расправија, осомничениот започнал со тупаници да ја удира жртвата по главата, по што ѝ нанел две убодни рани од кои настанале тешки телесни повреди со смртен исход.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителсто Скопје, со поведување на истражната постапка  поднесе предлог до Судот за определување на мерката притвор за осомниченото лице, поради постоење на опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.07.2020 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега