Скопјани подгответе се: Утре овие делови ќе бидат без струја
Без електрична енергија утре од 9 до 13 часот ќе бидат дел од жителите од село Љубош, на стариот пат за село Батинци, општина Студеничани.
Во периодот од 9 до 14:30 часот утре без струја ќе биде и дел од Ново Село, улиците „1“, „2“, „4“, „6“, „8“, „10“, „26“, „30“, „32“, „34“, „36“, „100“ и „108“ и Основното училиште „Тихомир Милошевски“. Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Александар Мартуков“ од бр. „3“ до „23“ во општина Ѓорче Петров.
Без струја од 9 до 15 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Христо Татарчев“ – подулици „14“, „16“ и „18“ во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради закажани технички зафати во мрежата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа