Скопјанка ги натепала своите малолетни деца, полицијата ја приведе
Триесет и четиригодишна скопјанка доцна синоќа ги нападнала своите малолетни деца.
Од МВР велат дека насилството се случило во домот каде што престојувале. Децата се згрижени, а мајката приведена.
„На 8 мај во 22.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Б.И.(34). Таа се сомничи дека во домот каде што престојуваат физички ги нападнала своите две малолетни деца. Б.И. била задржана во полициска станица,а децата биле згржени од Центарот за социјални работи“, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа