Скопје: Тешка сообраќајка во Влае - двајца се повредени
Две лица се повредени во сообраќајната несреќа која синоќа се случи во скопската населба Влае. Според фотографиите што ги објави веб-сајтот Њуз 24 може да се забележи дека во несреќата се оштетени повеќе возила, а една канделабра со помал билборд е срушена.
Повредените лица по лекарскиот преглед се пуштени на домашно лекување.
Несреќата се случила на булеварот „Партизански Одреди“ кај Порта Влае.
27.12.2021 - 09:00
Фото:
Принт скрин Њуз 24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа