Скопје:Од утрово семафорите во Центар исклучени, „Улици и патишта“ бара да не се дозволи колапс

 

Без електрична енергија во периодот од 08 до 15:30 часот ќе останат дененска семафорите на раскрсницата кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината.

Денеска ќе има вонредно исклучување на семафорите во центарот на Скопје, соопшти ЕВН Македонија АД.

Без електрична енергија во периодот од 08 до 15:30 часот ќе останат семафорите на раскрсницата кај „Веро џамбо“, Кеј 13 Ноември, Правен Факултет и улицата Мирче Ацев, делот кај паркингот „Холидеј ИНН“ и околината.

„По најавите на ЕВН дека дел од семафорите во централното градско подрачје нема да работат во текот на утрешниот ден од 8 до 15:30 часот ги повикуваме надлежните за регулирање на сообраќајот односно МВР да не дозволат да се направи голем метеж низ градот во овој период од денот“, бараат од „Улици и патишта“.

 

24.12.2021 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега