Скопските семејства со деца ќе заштедат до 400 евра годишно со поддршка на Град Скопје
Кандидатот на СДСМ и коалицијата за градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов нагласи дека согласно новите најавени мерки просечно скопско семејство со две деца или повеќе деца во градинка и основно училиште, на годишна основа ќе може да заштеди меѓу 350 и 400 евра на храна.
-Објавените мерки за субвенционирање на оброците за храна во скопските градинки и основни училишта на едно просечно скопско семејство со две деца, на годишна основна може да му овозможат заштита помеѓу 350 и 400 евра, покажуваат деталните пресметки. Така, семејствата кои имаат само едно дете во градинка ќе можат да заштедат до 150 евра годишно, благодарение на помошта и субвенционирањето од страна на градот, а двојно или тројно повеќе ќе заштедат оние семејства кои имаат две или три деца во градинка, основно училиште, вели Шилегов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа