Славески: Илузија е дека ние имаме ниски даноци

Илузија е дека ние имаме ниски даноци, во даноци ги вклучувам и придонесите затоа што и придонесите се товар на платите, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Трајко Славески во вечерашното гостување во дебатната емисија „24 Анализа“ на Телевизија 24.

„Кога се има инфлациски данок заради големата инфлација , во тој случај нема никаква логика за толку ниски каматни стапки кои се плаќаат на депозитите да се воведуваат односно да се пушта таа мерка“, рече Славески.

Тој посочи дека инфлацискиот данок се разлева низ економијата, во моментот најголема корист имаат должниците а има и секако и трезорот и министерството за финансии.

„Понатаму мислам дека министерството за финансии, самиот министер е свесен дека не е време за воведување на прогресивното оданочување уште повеќе затоа што малку во поповолни услови пред 3 години неговата претходничка мораше да направи чекор назад и да признае дека сме имале некаде 20 милиони евра штета од воведувањето на тој данок“, кажа Славески.

12.09.2022 - 22:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега