Следниве 3 дена автобусите на ЈСП ќе возат по неделен возен ред
Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во наредните три дена: Бадник – 6 јануари, Божик – 7 јануари и сабота, 8 јануари, ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии. Дежурни ќе бидат три билетарници, а жичарницата ќе работи вообичаено.
ЈСП информира дека исклучок од неделен возен ред ќе бидат линиите: 11, 11а, 18а, 32, 47а, 55, 55б, 56, 56а, 81, 118, 160 и 164, кои утре (четврток, 6 јануари) ќе возат по саботен возен ред.
Дежурни од 7 до 19 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и Зелен пазар, а од 7 до 13 часот ќе биде отворена билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичарницата во наредните три дена ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа