Снежана Ѓуришиќ ослабе 20 килограми: Се преполови, а се откажа од само две работи

Нејзината убавина, ангелски глас и златна кариера се коментираат со години!

Пејачката Снежана Ѓуришиќ важи за една од најубавите жени, која кариерата ја изгради исклучиво на својот глас и безвременските хитови кои ги сними.

Во последно време, Снежана ја прилагоди линијата на своето тело.

-Мислам дека ослабев од инает. Колку сум понервозна и поуморна, толку сум подобра и поубава. Шегата на страна, се ослободив од слатките и лебот –  толку, откри пејачката.

Ѓуришиќ не крие дека не и било лесно, бидејќи по природа таа е голема хедонистка која ужива во разни задоволства, а најмногу во слатки од кои најтешко се откажала. Сепак, таа сè уште ужива во готвењето иако нејзините омилени задоволства ги нема на менито.

-Во ова лето повеќе сакам да подготвувам сатари, ми се допаѓа на жештините. Генерално, сета полесна храна, многу зеленчук, месо, и секако овошни салати – истакна таа.

09.08.2022 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега