Снопче за пописот: На прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, Халил Снопче денеска на прес конференција посочи дека партијата е во процес на разгледување на објавените резултати од пописот и наскоро ке излезе со детална анализа на истите.

– Но на прв поглед ги изразуваме нашите резерви во веродостојноста на овој процес, особено во два сегмента. Над 132,000 граѓани се импутирани и не попишани на терен, додека ние сметаме дека бројот од околу 260,000 грѓани кои што живета надвор не соодвествува со реалноста и со публикуваните податоци до сега од страна на меѓународните организации. Овие две точки ствараат големи дилеми околу тоа како е извршен попиот на овие граѓани, дали се опфатени сите граѓани или пак е извршена некоја селекција – вели Снопче.

Тој додава дека не може да се вреднува како веродостоен еден попис каде што околу 8.5% од вкупното население, и на резидентното население, не им се знае националната припадност.

30.03.2022 - 19:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега