Со „ауди“ удрил во моторцикл на автопат па избегал – две лица итно пренесени во болница

Двајца повредени во тешка сообраќајка на автопатот Скопје – Велес. Возач со „ауди“ удрил во моторцикл, па избегал.

-Вчера во 13.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Ј.(51) од Скопје и патничко возило „ауди“, со косовски национални ознаки, кое по незгодата го напуштило местото. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила сопатничката на мотоциклот А.Ј.(20) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, велат од полицијата.

Увид на местото  извршила екипа од СВР Скопје.

23.10.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега