Сообраќајка кај Росоман, се судрија автомобил и камион


Сообраќајна несреќа се случила утрово кај Росоман, помеѓу патничко и товарно моторно возило, информираа од СВР Велес.

- Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, појаснија од СВР Велес.

Увидот е во тек, а  сообраќајот се одвива нормално и без застој.

21.05.2024 - 09:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега