Средба на министерот Нухиу со претставници од Амбасадата на САД

Денеска министерот за внатрешни работи  на  Република Македонија д-р Агим Нухиу одржа работна средба со  Хит Вард, Регионален офицер за безбедност и Ендрју Мофат, Втор секретар во политички сектор при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје. 

На средбата од страна на соговорниците беше потврдена досегашната извонредна меѓусебна соработка, а од страна на министерот Нухиу беше изразена благодарност за поддршката во јакнењето на капацитетите на министерството изминатиов период, која со  несмален интензитет ќе продолжи и во иднина.

Министерот Нухиу и американските претставници разговараа и за вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во нашата држава, како и за активностите и превентивните мерки  кои Министерството за внатрешни работи, во рамки на своите надлежности, ги презема во справување со глобалната пандемија со Ковид - 19.  

На средбата присутните се согласија дека Министерството за внатрешни работи на Република Македонија е битен елемент во градење на доверба на државата и државните институции на патот кон Европската Унија, а Соединетите Американски Држави остануваат наш докажан стратешки партнер. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.08.2020 - 14:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега