Стоилковски: Празна нива по скапа церемонија - ниту багер, ниту работник за Коридорот 8
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски ја обвини власта дека и по два дена од скапата церемонија за почеток на градбата на Коридорот 8, на местото нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба.
„Фрлија лопата, направија реклама и толку. Нема ништо, уште една празна нива, празен градежен плац посеан со лаги. СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.
Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10 или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници? Ова празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви“ изјави Стоилковски.
Според него, само избори се спасот од тонењето на Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа