Стружанец го удрил со автомобил полицаецот кој му побарал лични документи

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против И.К.(49) од село Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 20.06.2020 на ул„Пролетерски бригади“ во Струга, при контрола на возила од полициски службеник од Струга, било сопрено патничко возило за сторен сообраќаен прекршок и од пријавениот биле побарани лични документи за контрола, на што тој  одбил да ги даде документите за увид, го стартувал возилото и, при заминување, со возилото го удрил полицискиот службеник во ногата, нанесувајќи му повреди.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.07.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега