Субвенции за вработувања по етнички клуч во приватниот сектор: ДУИ се пофали со исполнето ветување

Со две исполнети ветувања од изборната програма се пофали владејачката ДУИ по вчерашната владина седница, на која беше усвоен и Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2021 година (кој предвидува и рамноправна етничка застапеност), а утврден е и предлог-закон за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје од втора категорија.

„Владата одобри два значајни проекти кои беа ветувања во изборната кампања

Субвенции за вработувања по етнички клуч во приватниот сектор.

Прогласување на дел од Шар Планина за национален парк“, напиша на својот Фејсбук-профил министерот за надворешни работи Бујар Османи по завршувањето на вчерашната седница на Владата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега