Талески: Дијалогот за платите мора да продолжи, растот на платите во сите сектори е врвен приоритет за СДСМ

СДСМ покажа дека е за раст на платите во сите сектори и тоа е она што го правиме во овие четири и пол години, порача пратеникот од СДСМ, Миле Талески во емисијата 24 Анализа на Телевизија 24.

Пратеникот Талески посочи дека во собраниска процедура постои закон со кој значително ќе се зголемат платите во образованието, но тој закон веќе една година е блокиран од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако Законот за наставници и стручни соработници не беше блокиран цела година од страна на ВМРО-ДПМНЕ, наставниците веќе ќе имаа повисоки плати и усогласени со порастот на минималната плата. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се закануваа и со физичко насилство само тој закон да не биде усвоен, така што вистинската адреса за протести е пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на минималната плата е да покрене раст на сите плати во државата вклучително и во јавниот сектор и тоа е регулирано со член 8 од Законот кој предвидува дека мора да има усогласување на сите плати со минималната плата и тоа ќе се случи“ посочи Талески додавајќи дека социјалниот дијалог мора да продолжи за да се дојде до решение.

Во однос на прашањето за владеење на правото Талески истакна дека за разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога судски процеси против актуелни државни функционери беше мисловна именка, денеска пред законите сите се еднакви.

„И фактот што Никола Груевски и Сашо Мијалков се на црната листа на САД јасно говори каков се криминал бил правен од функционерите од ВМРО-ДПМНЕ за време на нивното владеење. Сето ова, како и признанието на бивши партиски и државни функционери се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ е криминална партија“ заклучи Талески.

11.04.2022 - 22:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега