Таравари на средба со СКСЗМ: посебен фокус на економскиот развој

Претседателскиот кандидат на коалицијата „ВЛЕН“, Арбен Таравари заедно со лидерите на коалицијата „ВЛЕН“, во рамки на претседателската и парламентарната кампања денеска имаше средба со Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија каде се разговараше за економскиот развој, зачувувањето на работната сила и деловната клима во Северна Македонија

Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија ги штити бизнисите во земјата и се грижи за промоција на нашите бизниси во земјата и светот, додека нејзините барања до претседателскиот кандидат, Арбен Таравари и коалицијата „ВЛЕН“ беа зголемувањето на минималната плата на 30 илјади денари, додека владата треба да ги намали придонесите за 32%, да го реши проблемот со иселувањето, црната економија, корупцијата и владеењето на правото, информираат од таму.

„Разговаравме за економскиот развој, за визијата на Комората за работната сила која недостасува во Македонија. Стопанската Kомора на Северо-Западна Македонија тука е и економскиот манифест што ни беше даден пред неколку недели и вклучивме некои точки во нашата програма. Во мојата програма посебен акцент имаат иновативноста и енергетскa како и постигнување консензуален договор меѓу политичките партии што државниот претседател би го иницирал со поддршка од сите за економски развој на државата”, рече Таравари.

На средбата беа разменети идеи и за парламентарната програма на коалицијата „ВЛЕН“ , каде фокусот ќе биде на подобрување на бизнис климата, зачувување на нашата работна сила, намалување на трошоците за работна сила, зајакнување на слободните економски зони, развој на туризмот, земјоделството и други.

08.04.2024 - 20:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега