Тешко повреден малолетник на тротинет во Тетово - го удрил автомобил

Вчера во 15.26 часот во СВР Тетово било пријавено дека на 07.06.2024 околу 21.30 часот на бил.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од И.И.(25) удрило во електричен тротинет управуван од малолетник, двајцата од Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Клинички центар Тетово.

По насоки на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

11.06.2024 - 15:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега