Тешко повредениот во семејната расправија во кумановско Габреш е на операција на скопските клиники

36-годишникот кој е тешко повреден по семејната расправија во кумановско Габреш е во тешка состојба и во моментот е на опеција во скопските клиники, објави Сител.

Како што пишува Телевизијата, 36-годишниот Ж.Р. Во Ургентниот центар во Скопје е однесен со амбулантно возило од кумановската болница. Имал три прострелни рани на стомакот и градниот кош.

По направените неопходни дијагностички процедури пациентот веднаш бил внесен во операциона сала.

При приемот од Ургентен велат дека 36 годишникот бил контактибилен, но во шок од она што се случило.

Во инцидентот кој се случил нешто после пладне, 66-годишник ги застрелал своите сестра и внуци. Братот на тешко повредениот и неговата мајка беа убиени. Причина за инцидентот, како што велат од МВР, се нерасчистени имотно-правни односи.

21.02.2024 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега