Тито Петковски до Захариева: Ако промената на нашиот Устав е мала работа, зошто внесувањето на Македонците во вашиот е тешка и сложена

 

 

Поранешниот претседател на Собранието, Тито Петковски ја коментираше изјавата на екс-шефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева дека измената на македонскиот Устав не е голема работа, а Бугарите се дел од реалноста во Република Северна Македонија и тоа мора да се прифати.

Петковски вели: ако промената на нашиот Устав е така мала и едноставна работа, зошто тогаш промената на бугарскиот Устав и внесувањето на Македонците во него, што е дел од реалноста во Република Бугарија е толку тешка и сложена работа? Нели граѓанските и етничките права и слободи се европски вредности, прашува Петковски.

„Бугарија има обврска според пресудата на Меѓународниот суд за човекови права, повторувана по 15ти пат,да ги признае правата на Македонците во Бугарија и слободата на политичко организирање. Како членка на ЕУ,зошто Бугарија не ги признава и не ги извршува одлуките на Меѓународниот суд? Тоа ли е правна и демократска држава според европските стандарди и критериуми?“, прашува Петковски.

16.08.2023 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега