Трајанов: Не постои Македонец кој не сака добри односи со Бугарија

„Не постои Македонец кој не сака добри односи со Бугарија. Јас стојам на нашите национални интереси и мораме да имаме преговарачка позиција, ако ги продолжуваме преговорите. Тоа што го најавуваат од бугарска страна е неприфатливо за Македонија. Во Бугарија живеат Македонци и тоа мора да се респектира. Ако сега прифатиме промена на Уставот, што останува за ние да преговораваме? Кога ќе ги афирмираме потребите на Македонците во Бугарија? Никогаш“, изјави претседателот на Демократски сојуз и пратеник, Павле Трајанов.

Тој вели дека, Бугарија мора да ја прифати оваа обврска и додава дека влегувањето на Бугарите во македонскиот Устав не треба да биде услов во преговарачката рамка.


-Преговорите со Бугарија се минско поле, кој ќе нагази на мина ќе загине, многу внимателно треба да се водат тие процеси, кажа Трајанов во гостувањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.

 

26.04.2022 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега