Три симптоми кај омикрон сојот кој ги нема кај настинката - како да направите разлика

Пред ковид амбулантите има големи редови, а ако не сте сигурни дали имате грип или омикрон, ова ќе ви ги разреши дилемите.

Омикрон варијантата на коронавирусот дава многу симптоми слични на обичната настинка, па е поставува прашање како да се направи разлика и како да зсе знае дали да одите во ковид амбуланта, пред која овие денови во Македонија има големи редици и да се изложите на ризик од заразување или сепак да останете дома и да лечите настинка.

Експертите утврдиле три симптоми кои се добиваат при омикрон, а кои не се појавуваат при настинка.

-Единствена карактеристика на короната е губење на мириот и вкусот, што го нема кај обичната настинка, рекол д-р Ха Шао, лекарот од ифективната болница во медицинскиот центар Шарп Чуло Виста во Сан Диего и додал дека обичната настинка не предизвикува треска и тешка главоболка, што се кај омикронот преовладувачки симптом.

-Ако ги имате истите симптоми, многу е веројатно дека сте добиле ковид, рекол Шао и потсетил дека силни симптоми на омикрон и настинка вклучуваат температура, воспаление на грлото, а како болеста апредува и кашлица, крадот здив и отежнато дишење.

17.01.2022 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа