Трипуновски: Влада го доведува во сериозен знак прашалник прехранувањето на нацијата

Ова е уште еден показател дека актуелната власт не бира средства и начин како да се луксузира на државен трошок, додека граѓаните не можат да врзат крај со крај, додека рафтовите во маркетите се полупразни, некои производи и ги нема веќе се дефицитарни, сега гледаме дека актуелната власт се луксузира, па се обидува да се вади, а напротив уште толку потонуваат во лагите, вели Цветан Трипуновски, претседател на републичката комисија на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделство, шумарство и водостопанство во интервју во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа.
 
Трипуновски рече дека зголемувањето на цената на прехранбените производи е резултат на не навремените мерки, потенцирајќи дека владата и претседателот Пендаровски знаеле дека ќе започне руската инвазија врз Украина.
 
Пендаровски кажа уште пред шест месеци дека знаеле дека ќе има дестабилизација на регионот и оттогаш наваму ништо не преземале за да превенираат одредени ситуации за да се заштитиме колку што можеме со навремени мерки. Но, како резултат на таа ненавремена реакција ние денеска имаме поскапување на основните прехранбени продукти за многу голем процент. Она што вадев како статистика лебот од март минатата година и до март оваа година е покачен за 110 проценти, маслото за јадење е покачено за 70 проценти, ако во март минатата година било 62 денари и го имало во доволна количина денеска е над 100 денари и го нема речиси на рафтовите во маркетите, брашното е за 50 проценти покачено, шеќерот за 40 проценти, а за нафтените деривати воопшто да не зборуваме, кажа тој.
 
Трипуновски вели дека владата не прифаќа ниту еден предлог од страна на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа го става во знак прашалник прехранувањето на нацијата.
29.03.2022 - 19:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега