Трипуновски: За откупот на пролетната зелка имаме девизен прилив од околу 32 милиони евра
Во изминатиот период, изминативе месеци посветивме сериозно внимание, на иста маса разговаравме со откупувачите и земјоделците за пласманот на зелката од оваа реколта и постигнавме одличен резултат, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски одговарајќи на новинарско прашање за пласманот на зелката.
„Одличниот резултат го постигнавме поради тоа што заеднички покажавме дека кога ќе се постигне договор и истиот ќе се почитува, македонскиот земјоделец може да добие вистинска цена како што доликува“, појасни министерот.
Трипуновски посочи дека досега согласно податоците со кои што располага Министерството, девизен прилив кај македонските градинари од овој регион кои што произведуваат пролетна зелка се движи некаде околу 32 милиони евра.
„Ова е уште еден показател дека македонските земјоделци ќе ја добијат вистинската грижа“, истакна министерот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа