Тупанчевски: Би постапил како Џафери во делот на оценката за иницијативата за референдум

Министерот за правда, Никола Тупанчевски во интервју за „А1он“ ја оправда страната на претседателот на Собранието, Талат Џафери во врска со иницијативата за референдум за поништување на Договорот со Бугарија. Изјави дека и тој би постапил како Џафери во делот на оценката.

„Се согласувам дека во интеграциите на претседателот на Собранието влегува оценката за уредноста. Дали претседателот треба да се впушти во мериторно оценување на самата иницијатива, реков дека има две стојалишта, двете имаат своја аргументација. Да сум на местото на Џафери, уредноста сигурно мора да се оцени. Меѓутоа, повторно би се движел кон рестриктивно толкување на Уставот, заради афирмација на начелото на владеење на правото. Тоа би значело дека навистина прифаќањето на иницијативата за референдум би значело разнишување на она што веќе се нарекува база или фундамент“, изјави Тупанчевски за „А1он“

14.09.2022 - 17:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега