„ТВ21“: Данела Арсовска ќе формира нова политичка партија
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска планирала наскоро да формира своја политичка партија, пишува „ТВ21“.
Според пишувањата на „ТВ21“, оваа идеја веќе извесно време постои, а се заснова на проценката на нејзините советници дека таа имала голема поддршка кај граѓаните и интелектуалците.
За реализацијата на оваа замисла ќе се извршат разговори со интелектуалци, луѓе од невладиниот сектор, како и други познати лица кои треба да застанат до неа во формирањето на партијата.
14.07.2023 - 09:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа