Твитер најави дека ќе мора да платите за да објавите

Компанијата Твитер поради падот на приходи размислува да воведе нов начин на заработка, а еден од нив може да биде опцијата преплата на некои делови од сервисот.

Имено, Твитер во вториот квартал на оваа година, приходите од огласите паднале за четвртина во однос на истиот период минатата година, односно на 562 милиони долари.

И покрај зголемување на бројката на корисници за време на пандемијата, оперативната загуба на компанијата изнесувал 142 милиони долари.

За тоа и извршниот директор на Твитер, Џек Дорси им соопштил на инвеститорите дека оваа година ќе побара „тестови за преплата“, меѓутоа напоменал дека стандардите за наплата на некои делови од сервисот ќе бидат доста високи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.07.2020 - 22:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа