Уапсена Сека Алексиќ

Пејачката Сека Алексиќ ноќта меѓу саботата и неделата била приведена во Цирих, а сега и откри што се случило.

Имено, како што раскажа Сека Алексиќ за „Блиц.рс“, полицијата дошла на нејзиниот настап во една дискотека во Цирих за да и ги провери работните дозволи, но утврдила дека работните дозволи не се соодветни, па пејачката и членовите на бендот биле приведени да дадат изјави.

– Полицијата дојде на нашиот настап и ги провери работните дозволи, утврди дека не се соодветни. И полицијата зеде моја изјава и го казни сопственикот за мене и за целиот бенд, изјави таа за Блиц.

10.04.2024 - 14:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега