Украл неколку грла добиток од Добридол - приведен крадец од Чегране

 

Вчера во 17:00 часот во с.Чегране, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Чегране го лишија од слобода Н.С.(44) од с.Чегране поради основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба“, односно дека на 07.09.2025 одзел неколку грла добиток од М.М.(40) од с.Добридол.

Осомничениот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде изготвена соодветна пријава.
11.09.2025 - 11:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега