УМС однесе атлас со знамиња пред влада: Известете не ако имаат и другите институции проблем со распознавање

По случувањата вчера каде што повторно протоколот на МНР ги помеша знамињата на државите, се поставува прашањето дали освен непотизам како причина, причина за ова во МНР е тоа што во протоколот се вработени трајно неспособни личности по пример на трајно неспособниот премиер? По не знам кој пат ја посрамотуваат државата. За таа цел денес им носиме атлас на знамиња од светот со лепенки низ чие собирање владата ќе ги научи знамињата. Оваа порака ја испраќаат денеска од пред Влада, младите од УМС при ВМРО-ДПМНЕ.
 
„Имаме разбирање дека е комплицирано да се разликуваат знамињата и поради ова се потрудивме преку вакви интерактивни содржини да им помогнеме да се запознаат со знамињата од светот и да не се случуваат вакви пропусти во иднина.

Ве молиме да не известите ако другите институции имаат потреба од вакви помагала, стоиме на располагање да помогнеме“, истакнаа оттаму.

20.10.2022 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега