Васев: Мицкоски застана зад Груевски, првообвинетиот организатор на „27 април“

Kaко реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дадена во судот со која тој рече дека народот се самоорганизирал за настаните од 27 април и упадот во Собранието, Стефан Васев од СДСМ оцени дека Христијан Мицкоски застанал зад првообвинетиот организатор Никола Груевски и дека за него овие насилни настани се само „виц“.

Христијан Мицкоски денеска застана зад насилството од 27 април, застана зад својот ментор осудениот криминалец во бегство Никола Груевски, првообвинет во судскиот случај „организатори на 27 април", рече Васев.

„Што навистина Мицкоски мисли за крвавиот четврток најдобро зборува тоа што денеска во судницата ширел хумор и како што тој вели, се обидел да биде вицкаст. За Мицкоски насилството, обидот за убиство на пратеници и новинари е виц. Ете тоа е Мицкоски, секогаш на браникот на насилството и криминалот, никогаш на страната на граѓаните", рече Васев и додаде дека СДСМ му порачува на Мицкоски дека ова е уште еден пораз за него и дека одговорност мора да има за сите за насилството на 27 април.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.12.2020 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега