Василевска: Заев сака да корумпира медиуми преку невладините под негова контрола

Финансирањето на невладини организации, кои пари од буџетот даваат за плаќање на реклами со владина содржина не е ништо друго, туку директно корумпирање на медиумите од страна на СДСМ, рече денеска на прес-конференција Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочи таа, она што власта не може да го прави директно, го прави преку НВО секторот.

„Сомнителниот оглас за финансирање на здруженија на граѓани, воопшто не води кон зајакнување на интегритетот и на авторитетот на граѓанските организации. Сметаме, дека овој скандалозен оглас не остави рамнодушен никого во јавноста. Уште повеќе што најпрво средствата од приближно половина милион евра беа скратени наводно заради економската криза предизвикана од Ковид-19, а всушност заради одложувањето на изборите на 12-ти април“, истакна Василевска.

Таа од име на партијата го повика Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор да објасни која е неговата вистинска улога и чии интереси штити во оваа ситуација, односно зошто молчи за ваквиот, како што рече, предизборен поткуп.

„Ги охрабруваме и граѓанските организации да реагираат на овој обид за предизборен поткуп, со цел да се сочува интегритетот и авторитетот на граѓанскиот сектор“, посочи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ нагласувајќи дека во наредниот период нејзината партија ќе се обврзе да работи на поттикнување на избалансиран граѓански сектор, потполно независен од политичките елити.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 14:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега