Велика Британија: Од септември најмалку 30 деца починале од стрептокока А

 

Најмалку 30 деца починаа во Велика Британија од инвазивни стрептококи А од 19 септември, објави Би-би-си.

Од тој датум 122 лица починале во Англија од инвазивна форма на бактериска инфекција, според Британската здравствена агенција.

Меѓу загинатите има 25 лица помлади од 18 години, а уште три смртни случаи на деца се потврдени во Северна Ирска и Велс.

 

30.12.2022 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега