Весна Петрушевска за пожарот во Универзална: Ниту еден од вас што е на власт после ова не смее да излезе на кампања

Актерката Весна Петрушевска се огласи по денешниот пожар во Универзална сала.

-Што треба да се случи за да дозволите да ви изгори единствениот симбол што остана на Скопје? Бесрамно се трошат буџетски пари за разно разни проекти, владеат бесрамници и ништожници, не потепавте со примитивизам и недоветност, земате плата од нашиот данок, само полните сметките преку тендери. Еееј, се отепавте еден по друг градоначалник за Универзална и не шетавте по керамиди! Ниту еден од вас што е на власт после ова не смее да излезе на кампања! Мрш! – напиша во својот статус на социјалните мрежи.

09.04.2024 - 19:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега