ВИДЕО: Џеки Чен го прослави својот 70-ти роденден, фановите загрижени за изгледот


Познатиот актер Џеки Чен го прослави својот 70-ти роденден, а неговата појава ги загрижи некои обожаватели.

Меѓутоа, како што самиот објасни, неговиот „постар изглед“ е за улога во филм кој моментално го снима и кој бара од него да изгледа така, откако неговите обожаватели изразија загриженост за неговиот изглед на фотографиите од прославата на 70-тиот роденден.

„Многу пријатели ме потсетуваат: Џеки, полниш 70 години! Секогаш кога го слушам тоа, срцето ми застанува, веќе имам 70 години? Но по некој момент, се потсетувам на една изрека што ја слушнав од мојот постар брат – „да можеш да остариш е благослов“, рече Чен.

09.04.2024 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега