ВИДЕО: Јакимовски пак во инспекција - како што им ја оставив зградава така ја најдов уште и прокиснува

 

Градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски утрово направи увид во новата општинска зграда чија изградба беше стопирана во изминатите четири. Таа сега прокиснува, но Јакимовски верува дека ќе биде можно в година општината да се пресели во таа зграда.

Јакимовски ќе побара од Советот на општината во буџетот за следната година, да се обезбедат средства за довршување на изградбата за да може во текот на 2022 година да биде пуштена во функција.

„Утрово дојдов да ја видам општинската зграда. За жал, забележав дека некаде прокиснува. Така е кога нема луѓе во некој објект, тој пропаѓа. Ќе се потрудам на седница на Совет со новиот буџет да обезбедиме средства за оваа зграда и наредната година да ја пуштиме во функција“, рече Јакимовски.

09.11.2021 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега